(Видео) Трилинг: Македонските граѓани се доведени во ситуација да се докажуваат кои се и тоа во 21-от век

На прашање дали ако повторно дојде до пораст на цените, дали тоа дополнително може да ја подгрее инфлацијата, економистот Марјан Петрески во вечерашното издание на Трилинг вели „Јас не очекувам дека ќе видиме значајно поместување на цените на производите кои беа предмет на замрзнување“.

На прашање зошто имаме предрасуди кон странските инвеститори, тој ќе рече „грчките инвеститори се едни од најголемите, и први од независноста во оваа економија“.

Зошто кај дел од интелектуалната и научна јавност постојат предрасуди околу идејата за заедничко чествување и одбележување на историски настани и личности, го прашавме историчарот – Митко Панов.

Тој вели „Самото македонско општество, македонските граѓани се доведени во ситуација да се докажуваат кои се и тоа во 21-от век. Треба веќе да се надминат тие остатоци од 19 век, и да се остави Република Македонија да биде рамноправна членка на Европската унија“.

Гостинка во вечерашното издание на Трилинг е и Мерсиха Смаиловиќ, која се уште собира 10.000 потписи за да се кандидира за претседател на земјата. Таа вели „дека ако дадеме на еден народ повеќе, ние губиме. Толеранцијата, соживотот, убавината, правото, правата им припаѓаат на сите. Ако ги дадеме на некого, ние не ги губиме. Кога системот прави дискриминација и кога системот не дава еднакви можности – тогаш е проблемот“.