Јужна Кореја е подготвена да ги прими севернокорејските воени заробеници од Украина

– Јужна Кореја ќе ги прифати севернокорејските граѓани заробени од украинските сили за време на нивните борби на страната на Русија, доколку сакаат, се наведува во соопштението на јужнокорејското МНР.

Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја соопшти дека е Сеул е подготвен, ако сакаат, да ги прими севернокорејските воени заробеници од Украина.

– Јужна Кореја ќе ги прифати севернокорејските граѓани заробени од украинските сили за време на нивните борби на страната на Русија, доколку сакаат, се наведува во соопштението на јужнокорејското МНР.

Во соопштението се потенцира дека Јужна Кореја е против на репатријацијата на севернокорејските воени заробеници во Северна Кореја против нивна волја.

Во Сеул на 30 јуни е предвидена средба помеѓу министрите за надворешни работи на Јужна Кореја и Украина, Чо Хјун и Андриј Сибиха.

Северна Кореја е директно вклучена во војната во Украина на страната на Русија, обезбедувајќи воена поддршка, оружје и војници. Во војната во Украина, како што тврди Киев, учествуваат околу 11.000 елитни севернокорејски војници.