Холандија е првиот четвртфиналист на СП

Фудбалерите на Холандија се пласираа во четвртфиналето на Светското првенство во Катар откако со 3:1 ја елиминираа селекцијата на САД во осминафиналната фаза.

Уште на почетокот, во третата минута, одлична шанса имаше најдобриот американски играч Пулишиќ, а подобар впечаток оставија фудбалерите на САД во првото полувреме. Но, додека Американците пропуштаа шанси, Холанѓаните постигнуваа голови.

Во првите 45 минути Холандија постигна два идентични гола, а стрелци беа Депај во 10 и Блинд во првата минута од судиското надополнување, по одличните две асистенции на Думфрис.

Во преостанатиот дел од натпреварот двете репрезентации имаа многу шанси, особено оние на холандските фудбалери беа опасни, но резултатот се задржа 2:0 до 76. минута. Потоа, САД намалија на 2:1 со еден необичен гол на Амир Рајт. Холандија дефинитивно го реши прашањето на победникот во 81 минута, а Думфрис, играчот на Интер, стрелаше за конечни 3:1.

Еве уште неколку интересни податоци, Депај стигна до 43 гол на вечната листа за „лалињата“, сега членот на Барса има седум помалку од водечкиот Робин ван Перси.