Уапсен е директорот на рудникот во Русија каде загина 51 рудар

Сергеј Махраков – директорот на рудник за јаглен „Листважнаја“ во Русија кој е обвинет за кршење на правилата за индустриска безбедност во случајот со експлозијата во која загинаа 51 лице е во притвор. Toj добил двомесечен притвор.

Тамошните медиуми објавија дека уапсен е и неговиот заменик – Андреј Молостов. И двајцата се изјаснија како невини.

Истрагата покажала дека директорот бил информиран за опасната концентрација на метан во рудниците, каде на 25. ноември дојде до експлозија.

Истражната комисија инсистирала на негово апсење иако Махраков го уверувал судот дека нема намера да бега од земјата.