Трилинг: Митото и корупцијата цветаат во Македонија

Митото и корупцијата цветаат во Македонија. Стана нормална пракса дека ако сакате да добиете работа со државата, морате нешто да дадете.

Народот се соочува со нефункционален систем. Сведоци сме на зарабени институции. Неопходен е целосен рестарт на системот.

Ова се само дел од оценките на универзитетските професори Марко Андонов и Петар Атанасов кои заедно со генералниот директор на „Пиксел груп“ Горан Паунов и бугарскиот писател Георги Господинов се соговорници на Горазд Чомовски во најновото издание на емисијата Трилинг.