Тимур Дибиров останува „црвено-црн“ и во наредната сезона

Еден од најискусните првотимци во таборот на ракометниот клуб Вардар 1961 – Русинот Тимур Дибиров ќе го носи „црвено-црниот“ дрес и во следната сезона, најмалку до јуни 2023 година, со можност за продолжување на соработката, објавија денеска од скопскиот ракометен клуб.

Вардар се договори со брзоногото лево крило за продолжување на соработката, па тој ќе ја игра 10-тата сезона во Скопје.

Дибиров дојде во Вардар во 2013 година и оттогаш со „црвено-црните“ освоено 7 шампионски титули и 7 куп титули во Македонија, трипати го освои Супер купот на Македонија, а четирипати беше победник и во СЕХА лигата. Најважното – Дибиров со Вардар двапати беше и европски шампион.