Столтенберг: Финска брзо и лесно ќе влезе во НАТО

Јенс Столтенберг – генералниот секретар на НАТО ја поздрави одлуката на финските лидери да го поддржат пристапувањето кон Алијансата и кажа дека евентуалниот процес за членство ќе биде „лесен и брз“.

Денеска финскиот претседател Саули Ниинисто и премиерката на оваа земја – Сана Марин изразија поддршка за членството во НАТО, и покрај предупредувањата од официјална Москва.

Официјалната изјава за пристапување се очекува во недела.

„Ова е суверена одлука на Финска, која НАТО целосно ја почитува. Доколку Финска одлучи да аплицира за членство, ќе биде топло добредојдена во НАТО“ – рече Столтенберг.