
Од Агенцијата за управување со одземен имот информираат дека предмет на продажба се вкупно 990 хаварисани возила (патнички и товарни моторни возила, мотоцикли, трактори, приколки), кои имаат третман на отпаден материјал.
-Проценети се 990 возила на кои им е даден третман на отпаден материјал. Точната количина во килограми на возилата за старо железо ќе се утврди на денот на мерењето и документира со кантарски белешки по што ќе се изврши фактурирање со точните количини.
За сите возила заедно, почетната цена за продажба на електронското јавно наддавање изнесува 13 (тринаесет) денари за еден килограм старо железо без ДДВ, велат од Агенцијата.
Јавното наддавање ќе се одржи на ден 21.08.2026 година, со почеток во 10:00 часот и ќе трае 1 (еден) час и 30 (триесет) минути, односно до 11:30 часот.