
Зеленски во сабота доаѓа во Белград
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ќе престојува во официјална посета на Република Србија во сабота, 8 август 2026 година, пренесоа медиумите во Србија.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ќе престојува во официјална посета на Република Србија во сабота, 8 август 2026 година, пренесоа медиумите во Србија.
Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, ќе го пречека претседателот на Украина, Володимир Зеленски, соопшти Службата за соработка со медиумите на Република Србија.
Вучиќ и Зеленски претходно се сретнаа во Киев. кога претседателот на Србија го посети Киев кон средината на јули за прв пат од почетокот на руската инвазија на Украина.
Тој присуствуваше на самитот Југоисточна Европа – Украина.
Како што тогаш изјави претседателот Вучиќ, за време на разговорот тие изразија благодарност еден на друг за нивната поддршка за територијалниот интегритет, но и дека разговарале за други важни теми, како и дека го поканил Зеленски да го посети Белград.