Со антитела од ној Јапонците дизајнираа маска што открива коронавирус

Со помош на антитела од ној, група научници од Јапонија тврдат дека дизајнирале маска што помага да се утврди присуство на коронавирус. Овој метод го развил тим од Универзитетот во Кјото.

Научници на ноевите им инјектирале неактивен и безопасен облик на коронавирус, а потоа ги извадиле антителата на посебен филтер поставен во маската. Овој филтер свети под УВ-светлина кога вирусот е присутен.

Водачот на проектот, Јасухиро Цукамото се уверил во откритието и рече дека и самиот бил заразен со коронавирус откако носел една од експерименталните маски.

„Можеме масовно и евтино да произведуваме антитела од ној. Во иднина сакаме да го претвориме ова во лесна алатка за тестирање што секој може да ја користи“ – рече Цукамото.