Илон Маск планира да стане инфлуенсер

Првиот човек на Тесла – Илон Маск на својот Твитер профил објави дека размислува да ја напушти работата и да стане инфлуенсер.

„Размислувам да дадам оставка и да станам инфлуенсер со полно работно време“ – напиша најбогатиот човек на светот.

Маск, кој е многу активен на социјалните мрежи, сериозно размислува да ги напушти менаџерските позиции.

Тој е основач и извршен директор на „SpaceX“ за вселенски летови, а го води стартапот „Neuralink“, кој развива терапевтски чипови за мозокот. Ја води и компанија „Boring Company“.

„Би било убаво да имам малку повеќе слободно време наместо да работам дење и ноќе, буквално од моментот кога ќе се разбудам до легнување, седум дена во неделата. Тоа е доста интензивно“, рече неодамна Илон Маск.