Снег во Хрватска

Во Горски котор, Хрватска, утрово паѓа снег, а според камерит во живо на патиштата, коловозите се влажни и лизгави од дожд и снег.

Циклонот се продлабочува, а неговиот центар полека се движи ретроградно (од исток кон запад) над Бискајскиот залив. Над регион тече топол воздух од африканско потекло, а на тлото се засилува гребенот на антициклонот од исток. Времето ќе се стабилизира со пораст на температурата на воздухот, се вели во прогнозата на метеоролозите.

Нестабилната студена воздушна маса која донесе снег и студ се движи над источниот Балкан и Црното Море.

Времето и понатаму ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Повеќе облачност со дожд, а на планините над 1200 метри снег се очекува во западните и централните делови од внатрешноста на државата.

За време на викендот пак, температурата во Хрватска ќе достигне до 26 степени Целзиусови.