Се урна мал авион во Сан Диего

Мал патнички авион се урнал во градот Ел Кахон, во областа Сан Диего, во Калифорнија.

Информациите од тамошните медиуми засега не потврдуваат за бројот на жртвите во несреќата, но авионот при падот уништил електричните кабли и стотици жители на градот останале без струја.

Авионот се урнал околу 19 часот по локално време, по што се запалил.

Авионот летал кон аеродромот „Гилеспи Филд“, а истрагата е во тек, додека други детали за несреќата засега не се познати.