Германија со построги анти-ковид мерки

Построги анти-ковид мерки во Германија со цел да се запре ширењето на новиот бран што го предизвика варијантата – Омикрон.

Собирите во затворен и отворен простор се ограничени, а спортските сали, базените, ноќните клубови и кината ќе бидат затворени во неколку земји, додека работното време на рестораните ќе биде пократко, објавија тамошните медиуми.

Новогодишниот огномет, кој најчесто е од приватни куќи и од повеќето германски улици и плоштади, се откажува втора година по ред.

Кога станува збор за невакцинираните, од едно домаќинство може да се соберат најмногу две лица, додека од овие мерки се исклучени децата до 14 години.

Обврската за носење маски, воведена пред речиси една година, останува на сила во продавниците и јавниот превоз.

Во Германија 71 отсто од граѓаните досега примиле две дози од вакцината.