Проди: Да продолжи проширувањето на ЕУ со сите земји од Западен Балкан

Романо Проди – екс-претседател на ЕК денеска ја повтори неопходноста од продолжување на процесот на проширување на Европската унија со земјите од Западен Балкан.

„Сметам дека процесот на проширување на ЕУ мора да се заокружи. Европа е мешавина на германска, саксонска, словенска култура и сите ние сме едно, токму поради нашето мултикултурното наследство. Сакам оттука да дадам силна порака, час поскоро да почне процесот на евроинтеградција на сите земји од Балканот во ЕУ, во спротивно Европа нема да биде целосна. Знам дека многубројното членство во ЕУ значи мултициплирање на проблемите и остава повеќе простор за отворени прашања, но има позитивни промени во политиката. Токму во име на хуманизмот, велам дека тој е единствен, универзален начин за наше сплотување заедно со сите наши различности во потеклото и културата“ – рече Проди.