Познат актер обвинет за сексуален напад во ресторан

Актерот Џејми Фокс се соочува со тужба за сексуален напад поднесена во понеделникот во Врховниот суд на државата Њујорк.

Според CNN, инцидентот наводно се случил во 2015 година во популарниот ресторан Catch NYC.

Лицето кое ја поднело тужбата, идентификувано како Џејн До, тврди дека Фокс намерно и без нејзина согласност ја допирал несоодветно, вклучително и пипкање по градите и гениталиите. Во обвинението се наведува и дека актерот во моментот на инцидентот бил пијан. До тврди дека претрпела физичка и емоционална повреда, вознемиреност, срам и економска штета како резултат на овој немил настан.

За да ја добие правдата, Џејн До ја тужеше и матичната компанија на ресторанот, Catch Hospitality Group, како и разни поврзани бизниси, обвинувајќи ги за несовесно вработување, обука и надзор. Претставник на компанијата не беше достапен за коментар.

Овој случај е поднесен според новиот Закон за преживеани возрасни лица во Њујорк, кој стапи на сила на крајот на ноември 2022 година. Овој закон им дозволува на возрасните жртви на сексуална злоупотреба да ги тужат своите насилници во Њујорк, дури и ако рокот на застареност е истечен на нивните барања.

Законот им даде на возрасните една година да поднесат обвиненија против нивните сторители, а тој истекува во петок.

Оскаровецот Џејми Фокс претходно оваа година имаше здравствени проблеми и беше хоспитализиран во Атланта. Во јули првпат се „зафати“ со опоравување.