Пендаровски: Бугарија деновиве е во хаотична ситуација, изнесувале барања кои се апсолутно небулозни!

Претседателот Стево Пендаровски во 24 Анализа, во врска со францускиот предлог посочи дека пред еден ипол месец, француското претседателство реши да се вклучи во нашиот билатерален дијалог и го пратија во Скопје и Софија, главниот советник. Тој прашал кои се нашите црвени линии.

– Се додека не добие финална форма, ние нема да го видиме во писмена форма. Бугарите го добија зошто се земја-членка на ЕУ. Она што Французите го направиле како предлог е доставено. Од вчера од 19 часот навечер почна сесијата по тој предлог. Бугарија овие денови е во хаотична ситуација, а тие повторно изнесувале вчера барања кои се апсолутно небулозни. Закажана е седница на Комисијата за надворешна политика во бугарското Собрание и не знаат дали ќе се одржи. Во Софија, според нашите информации, Петков ќе сака да се гласа за Влада, а потоа да се стави на седница тој документ. Нашиот појдовен став е дека не сакаме да видиме никаква звездичка за македонскиот јазик. На крајот од секоја рамка која ќе се усвои пишува  дела целото ќе се преведе на неколку јазици и ќе пишува на македонски. Тоа е гаранцијата“ – рече Пендаровски.

Пендаровски за португалскот предлог рече „ние рековме добар е, Бугарите го одбија поради таа точка. Во него стоеше тело на текстот и вели „кој е вашиот најголем проблем, вели јазикот. Што мислите на тоа дека тој е дијалект на бугарскиот јазик од 1944? Можеме ли вака да го решиме? Ние велиме не доаѓа во предвид, ниту би влегле во преговори. Македонската страна ќе каже дека јазикот отсекогаш бил македонски, можеме само да ставиме една реченица дека е кодификуван во 1945 година. Од друга страна, Бугарија со унилатерална изјава ќе каже ние сметаме дека до 45-та година тој бил дијалект на бугарскиот. ЕУ само ќе го прими тоа на знаење и никогаш нема да се повторува – во превод сфаќам што зборувате, но понатаму ќе биде само македонски јазик“.

Според него, македонската јавност треба да биде смирена бидејќи не може да се изгласа преговарачка рамка ако ние не кажеме „да“.

„Да нема страв кај граѓаните. Со сила преговори под вакви услови не се случиле“ – рече Претседателот.