Османи: Две години велеа дека ја менуваат трасата, а ниту милиметар на автопатот Скопје – Блаце не е променет
Потпретседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Бујар Османи, вели дека денешното потпишување на договорот со ЕБОР за доградба на автопатот Скопје – Блаце, докажало дека власта залудно потрошила две години. Според него, иако изминатиов период се тврдело дека се менува трасата, сепак, не е променет ниту милиметар.

„Две години ни велеа дека автопатот Скопје – Блаце е блокиран затоа што се менува трасата. Ова беше изговор за секое одложување. Денеска, со потпишувањето на договорот, станува јасно дека ниту милиметар од трасата што ја оставивме подготвена не е променет. Значи, финансирањето беше обезбедено, проектот беше завршен, средствата беа одобрени, а започнаа и тендерските постапки. Две години беа потрошени за залажување на јавноста со ‘промена на трасата’ иако такво нешто не постоеше. Граѓаните заслужуваат едноставен одговор: Зошто беа изгубени две години?“, прашува Османи.
Реакцијата на Османи следува по денешното потпишување договор со ЕБОР за инвестициски грант за доградба на преостанатите километри од автопатот Скопје – Блаце.
Почетокот на градбата на 10,5 километри автопат се очекува во август, а според договорот, рокот за изградба е околу 4 години. Избрани се консултант и изведувач, а номинацијата на надзорот е во фаза на евалуација.
Премиерот Христијан Мицкоски обвини дека автопатот Скопје – Блаце со години бил симбол на неисполнети ветувања, кажа дека речиси секоја влада го ветувала, а одредени политички партии со години „се удирале во гради“ дека токму тие најмногу се грижат за овој дел од државата.