Орбан: Третата светска војна сега е реална опасност

Ризикот од нова светска војна е сосема опиплив и тоа не е претерување, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан за Радио Кошут, а пренесува руската агенција ТАСС.

Бидејќи Европската унија продолжува да разговара за испраќање војници во Украина, тоа може да доведе до директен конфликт со Русија, предупреди унгарскиот премиер.

Според Орбан, Западот испраќа сè помоќно оружје за да го продолжи нападот против Русија, па затоа сценариото на Третата светска војна „веќе не е литературно претерување“. „Сега тоа е реална опасност“, нагласи унгарскиот премиер.

„Европските лидери веќе размислуваат дали земјите од ЕУ можат да испратат некои мировни сили во Украина“, рече Орбан. „Тоа би било преминување на друга граница“, заклучи тој.