Општина Аеродром отвори линија за пријавување проблеми со јавното осветлување

Општина Аеродром отвори телефонска линија на која граѓаните, почнувајќи од денеска, ќе може да пријавуваат проблеми со јавното осветление. Целта на оваа линија е навремено решавање на проблемите на граѓаните што се поврзани со уличното осветление на територијата на Аеродром.

Пријавувањето може да се направи на телефонскиот број 072/270-886 од 7.30 до 15.30 часот или, пак, во секое време по порака, на електронската адреса jp.sjo@aerodrom.gov.mk, со писмено барање во просториите на Јавното претпријатие, како и преку урбаните заедници на Општина Аеродром. По добивањето на пријавата, службите задолжени за неговото одржување навремено ќе реагираат на терен.

Јавното претпријатие одговорно за јавното осветление на општина Аеродром ја следи состојбата со улично осветление и навремено презема мерки за негово подобрување.

Исто така, службите ќе вршат редовни ноќни контроли за согледување на состојбите и отстранување на сите утврдени дефекти, со цел поголема безбедност на граѓаните, како и поголема заштеда на електрична енергија во време на енергетската криза.