Николовски: Тимот на ЗНМ да биде структуирано и подинамично и гласно здружение

Марјан Николовски е новинар и уредник во Сител телевизија кој се истакнува со новинарски стории кои имаат еден поинаков пристап на промоција на дијалогот и афирмција на позитивни вредности при известувањето во поглед на меѓуверската толеранција и почит. Важи за одличен познавач на политичките состојби особено на односите меѓу Македонија и Бугарија и еден од најдобрите познавачи на верските прашања меѓу македонските новинари. Тој е добитник на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за остварувања во новинарство за 2021 година.

  • Поттикнат од една група на млади новинари во кои гледам енергија го прифатив предизвикот да им овозможам поголем простор и шанса да бидат дел од органите на ЗНМ. За едно ЗНМ кое ќе биде обединувачко за сите новинари. Треба да се формира тимот и ЗНМ да биде структуирано и подинамично и гласно здружение. Треба да се средат сите аномалии. Прво што ми е ургентно, ЗНМ да биде партнер и приоритет ќе ми биде зајанување на соработката со Синдикатот која постои и да се вклучиме во процесите кои подразбираат поддршка на социо-економската состојба на новинарите, од која тема ЗНМ досега  бегаше. – вели Николовски.