Кока: Недозволиво е во 2022 година, кога сме членка на НАТО, да имаме напади врз новинари

Фиљана Кока тврди дека се кандидирала за претседателска функција во Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), за да гласно, јасно и на право место да бидат адресирани проблемите на новинарите. Новинар е во Македонската телевизија, за во 2018 беше избрана за заменик-претседател на ЗНМ.

  • Повеќе од 30 години сум новинар и тоа новинар теренец. Се познавам со сите колеги и ги знам сите проблеми, што ги имаат моите колеги додека известуваат на терен. И кога е плус 40 и кога минус 20. Новинарите мораат да бидат прашани, тие да бидат главните креатори на медиумските политики. Јас сум мотивирана да го направам ова, зошто гласно и јасно треба да бидат адресирани проблемите на новинарите. Новинар сум веќе 30 години, репортер на терен и секојдневно се судрувам со истите проблеми кои ги имаат и моите колеги. Во минатиот период ЗНМ, како да беше заспано и со штури сооштенија. – вели Кока.
Кока смета дека бескомпромисна е битката за новинарите. Недозволиво е во 2022 година, кога сме членка на НАТО, да имаме напади врз новинари, додава таа. Таа е против и измените на Законот за аудио-визуелни услуги, со кои ќе се овозможи државното финансирање на телевизиите. Вели дека не смееме да дозволиме разединување. Во извешатјот на ЕК, во делот на слободата на изразување, точно е посочено дека во медиумската сфера имаме говор на омраза, лажни вести кој покажува дека сме поделени на сите планови сме идеолошки поделени. Мора да бидеме обединети, за да ги средиме тие цели.