
На Инфективната клиника во Скопје е потврден случај на маларија. Станува збор за пациент кој патувал во Занзибар.
Тој пројавил симптоми на висока температура и имал треска, по што веднаш се јавил на клиниката каде е задржан на болничко лекување.
Директор на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана вели дека кај пациентот потврдена е маларија. Додава дека тој моментално е стабилен, но добро е што навреме се јавил.
Двајцата пациенти кај кои претходно беше потврдена западно-нилска треска се на лекување на Клиниката. Сепак, и двајцата се во добра состојба и наскоро ќе бидат пуштени дома.