Најдоцна до 1 февруари Судски совет треба да ја спроведе одлуката на Управниот суд за Дамева

Без право на жалба, во рок од 30 дена Судскиот совет треба да постапи по одлуката на Управниот суд кој го поништи контраверзното разршеување на екс претседателката Весна Дамева.

Ја примиле пресудата денеска а утре ќе ја разгледуваат на работен состанок по што ќе се произнесат, информираа од судски. И Дамева ја примила пресудата. Ставот ќе го соопшти утре, откако советот официјално ќе се произнесе по состанокот, најавила таа за тв Телма.

А одлуката на управен со која е поништено незаконското разрешување, ќе ја анализира обвинителот кој постапува по кривичната пријава што Дамева во мај ја поднесе до обвинителството паралелено со тужбата до Управен, но овој обвинителскиот предмет е се уште во фаза на предистрага.

-Надлежниот јавен обвинител презема дејствија за проверка на наводите, при што беа прибавени материјали од Судскиот совет, а се врши и испитување на лица. Освен ова, испратено е барање до Управниот суд за прибавување на списите од предметот кој се водеше пред тој суд, велат од обвинителство.

Правните експерти сметаат дека понишувачката одлука значи дека Весна Дамева повторно треба да седне на челната позиција во Судски откако пред 7 месеци беше два пати разрешена еднаш јавно и скандалозно а потоа и тајно зад затворени врати.

Нејасна и необазложена – ова се главните причини поради кои падна на Управен разразршеувањето на Дамева. Се оспорува надлежност на судски да одлучува за изгласување недоверба на претседател или утврдување негова одговорност во ситуација кога тоа не е пропишано со закон

Но ако ова беше очигледно и неспорно за стручната фела и невладините од првиот ден, 8 те члена во судксиот совет кои беа наречени пучисти, поради начинот на кој ја разрешија Дамева, тврдеа дека постапиле законски. Сега треба да ја спорведат одлуката на Управен.

Во јавноста се отвори дилемата што со сите одлуки донесени од изборот на Сашко Горгиев. Дел од експертите и правниците сметаат дека сите одлуки потпишани од Горгиев можат да бидат оспорувани, други пак анализираат дека Советот е колективно тело и одлуките ги носи со мнозинство поради што можат да опстојат и во иднина.