Навреди на седницата на Град Скопје – Арсовска го нарече Славески деспот, тој и рече, јас сум Хитлер!

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и претседавачот со Советот на Град Скопје, Трајко Славески повторно се судрија на седницата за советнички прашања на Градот.

Славески го исклучи микрофонот на главната говорница од која се обраќаа советниците и останатите присутни за да може да контролира кој ќе земе збор.

Славески во еден момент му се закани на заменик-градоначалникот Трајановски дека ќе го исфрли од седницата, кога му беше укажано дека неговата постапка е спротивна на Деловникот за работа на Советот.

„Вие можете да земете збор на советник, не на градоначалник. Вие сте овде тиранин и деспот кој 12 месеци не успеа да го научи Деловникот“ – рече притоа градоначалничката Арсовска откако не и беше овозможено да одговори на советничко прашање поради изгаснатиот микрофон.

Славески само кратко одговори дека тој е Хитлер и веднаш потоа ја прекина и презакажа седницата за советнички прашања.

Видео: СДК.мк