Мицкоски: Силјановска Давкова би имала повеќе од 500.000 гласови

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговори на прашањето на новинарот на телевизија Сител, што за него и за коалицијата „Твоја Македонија“ значи победа во вториот круг на претседателските избори и на парламентарните избори на 8 мај.

– Не би сакал да зборувам за бројки, но идниот претседател Гордана Силјановска Давкова би имала повеќе од 500 илјади гласови, а ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија’ би имале повеќе од 55 пратеници – одговори Мицкоски.