Фицо до Макрон: Украина не е во НАТО, испраќањето западни трупи ќе ја започне Третата светска војна

НАТО нема оправдување да испрати свои војници во Украина, бидејќи таа земја не е членка на Алијансата, изјави словачкиот премиер Роберт Фицо.

Неговите коментари уследија по интервјуто на францускиот претседател Емануел Макрон за Економист претходно оваа недела, во кое тој повторно одби да го отфрли потенцијалното распоредување на трупи на НАТО во Украина.

Прашањето за распоредување војници од блокот предводен од САД во Украина ќе биде покренато „доколку Русите ги пробијат првите линии на фронтот“ и „ако Киев побара помош од НАТО“, рече тој.

Фицо во четвртокот пред словачкиот парламент изјави дека изјавите како онаа на Макрон го приближуваат светот до Третата светска војна.

„Украина не е членка на НАТО“, го потсети францускиот претседател. Макрон не зборува во име на целиот блок и неговите зборови за можно распоредување војници во Украина се „ничија позиција освен француски“, додаде премиерот.

„Словачка нема никаква врска со војната во Украина и дозволете ми да испратам јасна порака до цела Словачка: кој и да не праша, ниту еден словачки војник нема да стапне преку словачко-украинската граница“, рече Фицо.