Нацева: Неготино и спортската сала „Младост” беа во центарот на Балканскиот професионален бокс

Неготино и спортската сала „Младост” беа во центарот на Балканскиот професионален бокс, рече неготинската градоначалничка Марија Нацева, откако со директен пренос на каналот „Arena fight” во спортската сала во Неготино, синоќа се одржа елитниот боксерски настан „Балкан боксинг” на кој настапија боксери од земјава и странство.

Таа потсети дека настанот се одржа во соработка со Про-бокс Македонија, а ваков боксерски спектакл за првпат се одржува во Неготино и државава.

-Во својство на градоначалник на општина Неготино, се заблагодарив на довербата, токму нашиот град да биде домаќин на овој боксерски настан, кој благодарение на заедничката соработка, помина во најдобар ред на задоволство на организаторот, учесниците и публиката во салата. Целиот боксерски спектакл од Неготино директно се пренесуваше на специјализираниот канал за бокс – „Arena fight”, што овозможи истиот да го проследат гледачи од целиот Балкан – истакна Нацева.