Мисајловски: Пендаровски не направи ниту еден чекор со кој ќе покаже дека е претседател на сите граѓани

„Обраќањето на претседателот Пендаровски беше предвидливо, невпечатливо и без изненадувања. Тој не успеа суштински да се оттргне од сенката на Заев и политичкото блато во кое ја донесоа државата. Пендаровски не е никаква кочница на власта која е закопана во криминал, корупција, и безидејност.

Може да се забележи еден театар на наводни несогласувања, исценирани вербални напади на адреса Претседател на држава и претседател на Влада каде се однапред им е договорено, а кога ќе дојде време за суштинско делување Стево Пендаровски и Зоран Заев се едно исто. Пендаровски не направи ниту еден потег со кој ќе одигра за интересите на Македонија, тој игра само на страната на Заев. Пендаровски не направи ниту еден чекор со кој ќе покаже дека е претседател на сите граѓани. Пендаровски е спореден актер во театарот на заевизмот. Пендаровски денес го говореше она што тој првиот не го применува. Тој беше само коментатор кој само констатира, наместо претседател кој делува.

Пендаровски можеше, но не покажа дека демонстрира одговорност и владеење на правото. Неговата лажна заложба завршува во моментот кој тој одлучи да молчи за афери како „Рекет“, издавање на пасоши на белосветски мафијаши, за сомнителното изземање од одговорност за тетовската несреќа со ковид болницата, несреќата во Бугарија со 45 жртви. За случајот на Ден Дончев и редица други случаи. Воедно тој одмолче и за списокот на помилувања кои само поради реакција на јавноста беше повлечен“.

Ова денеска го соопшти потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајлоски како реакција на говорот на Претседателот – Стево Пендаровски во Собранието.