Макрон: Многу сакам да ги налутам невакцинираните

Францускиот претседател Емануел Макрон за „Ле Паризиен“ најави пресметка со невакцинирани граѓани на Франција, што предизвика голема бура во локалната јавност.

„Не ми е намерата да го налутам францускиот народ. Но, кога станува збор за невакцинираните, многу сакам да ги налутам. И ќе продолжиме да го правиме тоа, до крај. Тоа е стратегија“ рече Макрон опишувајќи ги напорите да натера што повеќе Французи да се вакцинираат.

Со новиот закон што го предвидува земјата, ќе има построги казни за производителите, трговците и корисниците на лажни карти за ковид, како и за одговорните лица на места кои не ги проверуваат. Лицата кои имаат лажна пропусница би можеле да бидат казнети со 5 години затвор, и парична казна до 75.000 евра. Ваквите мерки ги налутија противниците на вакцинацијата, а интервјуто на Макрон „додадоа масло на огнот“.

Во демократија лагата и глупоста се најголеми непријатели. Вршиме притисок врз невакцинираните со тоа што максимално им го ограничуваме пристапот до социјалните активности. Имаме повеќе од 90 отсто од вакцинираните, а само мало малцинство дава отпор. Како дополнително да се намали? Затоа, простете ми за изразот, да ги налутиме уште повеќе“ – рече претседателот на Франција.

Макрон во интервјуто за „Паризиен“ рече и дека сака да се кандидира за втор претседателски мандат во април, но своите намери ќе ги објави кога ќе биде сигурен.

„Сакам да го направам тоа. Штом тоа ќе го дозволи здравствената состојба во државата и ќе разјаснам сè – внатре во мене и во однос на политичката равенка – ќе кажам која е мојата одлука“ – рече актуелниот француски претседател.