Борел ја предупреди Русија: Секоја провокација или агресија против Украина би имала сериозни последици!

„Секоја провокација или агресија против Украина би имала сериозни последици“ е пораката на високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика – Жозеп Борел испратена до Москва.

„Европската унија е најблискиот партнер на Украина и ние целосно го поддржуваме територијалниот интегритет и суверенитет на земјата“ – рече Борел.

При неговата посета на Украина, шефот на европската дипломатија планирано е да се сретне со украински официјални претставници.

Во последниот месец од 2021 година западните земји беа загрижен поради извештаите дека Русија распоредува десетици илјади војници во области недалеку од Украина, предизвикувајќи стравување од руска инвазија, но официјална Москва ги отфрла таквите тврдења и ја обвини Украина дека испратила голем број војници во источните области што се под контрола на проруските сепаратисти.