Лукаревска открива: Дали Зоран Заев и Бранко Црвенковски сакаат да направат фракции во СДСМ?

Во новото издание на „Трилинг“ гостуваше заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска.

На прашањето дали во СДСМ расте фракционерската битка, дали е вистина дека има вклученост на Бранко Црвенковски и Зоран Заев во СДСМ, Лукаревска децидно одговори дека имаат вклученост, но во делот на советодавната улога.

– Вклученоста и на Зоран Заев и на Бранко Црвенковски во делот на нивните советодавни одлуки и мудри решенија секојпат се добредојдени во СДСМ, рече Лукаревска во емисијата „Трилинг“.

Таа додаде дека како партија, СДСМ е во контакт со Црвенковски, Заев, како и сите останати претседатели на СДСМ.

На прашање дали има концепциски разлики и дали има фракции во СДСМ, Лукаревска вели дека не постои такво нешто.

– Времето го демантираше се она дека има некакви концепциски разлики, категорично одговори Лукаревска.