Лукаревска за СДСМ: Секако дека имаме и грешки, но тоа не значи дека сме на лош пат

,,За 2022 година, 17.876 даночни обврзници, искажана добивка со изноз од 142,7 милијарси денари, 3081 даночен обврзник во поднесените даночни биланси за минатата година имаат искажано загуба во износ од 21,2 милијарди денари. Најголеми должници за данокот на добивка припаѓаат во следните дејности: неспецијализирана трговија на големо, изградба на стамбени и нестамбени згради, неспецијализирана трговија на големо со храна, пијалоци и тутун, дистрибуција на електрична енергија, производство на животинско и живинско месо, трговија со електрична енергија, финансиско услужни дејности, производство на моторни возила, трговија на мало со метална стока,бои и стакло” – истакна заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска.

,,Не би рекла дека имаме некаква финансиска нестабилност во државата. Мора да имаме во предвид дека оваа нова граѓанска обврзница како еден нов финансиски инструмент за да може да ги зајакне економските текови во државата ќе им помогне и на граѓаните. Каматата ќе биде повисока отколку кај депозитите во банките, а пониска од каматата доколку државата се задолжи во странство” – вели Лукаревска.

На прашањето ,,Колку граѓаните ќе се офајдат од оваа граѓанска обврзница и што добива државата?” таа возврати:

,,Државата добива слевање на приходи во рамки на буџетот, што не значи дека ние имаме слаба наплата или билдаме одредени други празни гапови”.

,,Во делот за инфраструктурниот проект Бехтел и Енка, секако дека јавноста е будна, и целиот тој проект е под лупа на јавноста. Новите законски решенија гледаме дека се во рамки сега на Собранието и секако дека секој од тие законски решенија е добро образложен, поткрепен со сите можни аргументи од страна на министрите. Има одредени и даночни олеснувања и даночни ослободувања кои ќе претставуваат и придобивка за нашата економија и секако да ги почитуваме меѓународните стандарди кои важат за вакви крупни стратешки проекти” – истакна таа.

,,За секој голем проект во нашата држава секако дека се има некоја перцепција дека е нешто скриено, тајно, корупциско можеби. Европското знаменце кое што стои на сите овие законски решенија не е злоупотребено од никој” – вели Сања Лукаревска.

Зголемувањето на платите предизвика незадоволство кај граѓаните, се најавуваат и штрајкови. Лукаревска со позитивен одговор возврати на прашањето „Ќе им излезете ли во пресрет на вашите колеги кои бараат 30% зголемување на платите?’’

,,Јас доаѓам од таа куќа, и кога бев и обичен вработен, вработените ја имале, ја имаат и ќе ја имаат мојата поддршка”.

,,Ние сме политичка партија која што во најтешки времиња носи битни државнички одлуки. Според она кое што јас го имам како перцепција од средбите со граѓаните, секако дека имаме и грешки, но тоа не значи дека сме на лош пат” – истакна Лукаревска во најновото издание на Трилинг.