Коха: Свечља не смее да ги посети Бујановац, Медвеѓа и Прешево

На министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља му беше одбиена посета на Прешевската долина, јавува приштински „Коха диторе“.

Како што е наведено, шефот на Националниот совет на Албанците, Невзат Лутфиу, потврдил дека српските власти не му дозволиле на министерот да дојде во посета, пренесува Данас.

Свечља денеска требаше да ги посети Бујановац, Медвеѓа и Прешево.

Коха наведува дека не се јасни причините поради кои Србија ја одбила неговата посета.