ВМРО-ДПМНЕ: Случајот Онкологија и случаите на Гинекологија покажуваат дека во здравството никогаш не било полошо

„Власта предводена од СДС и ДУИ го урниса здравствениот систем. Власта на СДС и ДУИ го уништи здравството редејќи скандали. Наместо да инвестира во медицински кадар, во апарати и во инфртаструктура во здравството ги полнеше своите џебови, а заборави на граѓаните“ реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Скандалот Онкологија за кој сите знаеја веќе две години, власта предводена од СДС и ДУИ го обелодени кон крајот на септември минатата година. На Клиниката за онкологија се работело без протоколи, без стручни колегиуми, оттука дел од пациентите не добивале воопшто терапија. И зошто? Само лица од власта да профитираат од маката на граѓаните. Сето тоа пациентите ги чинеше скапо, ги чинеше живот“ се вели во партиското соопштение.

Оттаму посочуваат дека „по овој и по скандалите кон крајот на минатат година на Клиниката за гинекологија се гледа само мешање на власта предводена од СДС и ДУИ и во ресорот кој живот. Овие скандали покажуваат дека менаџментот во здравствените установи е исклучиво политички избор, а се заборава на стручноста. Се заборава на граѓаните кои плаќаат скапо, плаќаат со живот“.

„Потребен е рестарт на здравствениот систем веднаш!“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.