Ковид-проблем, 14 месеци е позитивен на вирусот!

Извесен Музафер Кајасан од Турција е позитивен на Ковид 19 вирусот веќе 14 месеци или на 78 последователни тестови.

„Претпоставувам дека ова е женска верзија на Ковид, бидејќи „таа“ е опседната со мене. И има топол дом бидејќи имам големо срце“ вели Кајасан.

56-годишникот кога првпат се заразил мислел дека ќе умре. Дошол до телесна тежина од 50 килограми, а бидејќи боледува од леукемија, секое дополнително слабеење на имунитетот му отежнувало.

Повеќе од една година, заразата сè уште ја има, но солидно се држи.

„Дојдовме до точка каде што болеста или ќе исчезне или ќе оди со мене в гроб. Нема друг начин“ изјави тој.

Истражувањата покажале дека секој четврти заболен од леукемија не произведува антитела, дури и по две дози од вакцината, а сè додека тестовите се позитивни, Музафер не може да се вакцинира.