Маричиќ: ЕУ претставува повеќе можности, повеќе фондови и посредена држава!

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ денеска рече дека „наша задача е да ги трансформираме институциите во рамките на Европската Унија, но и на патот кон неа“.

Тој потенцираше дека „ЕУ е синоним и симбол за средена држава, подобри патишта, подобро образование, повеќе можности за вработување и дома и во останатите земји-членки, повеќе можности за развивање бизниси, заеднички пазар, закони кои важат за сите, подобро судство и општо, подобри услови и повеќе можности за граѓаните“.

„Европската Унија претставува повеќе можности, повеќе фондови и посредена држава. Затоа се бориме да влеземе во ЕУ. Европската Унија не е цел сама по себе, туку начин да им помогнеме на граѓаните да имаат повеќе можности да се развиваат и да имаат подобар животен стандард“ рече Маричиќ на Канал 5 тв.