Пад на акциите на берзите поради можна руска инвазија на Украина

И понатаму има пад на акциите на светските берзи по постојаните предупредувања за можна руска инвазија на Украина.

Поради загриженоста од голем конфликт во Европа, се предизвика и зголемување на цената на нафтата на рекордно ниво во последните 7 години. Тоа го потисна еврото, и ги натера инвеститорите да се вратат на државните обврзници и на американски долари, јавија дел од американски медиуми.

Американската S&P 500 денеска падна за 0.5 отсо, додека Russel 2000 се намали за 0.3 отсто.

На претходната сесија, европските берзи паднаа  2.6 проценти, додека јапонската Никеи падна за 2,2 отсто.

Цените на нафтата се искачија на највисоко ниво во последните 7 години поради загриженост дека можната инвазија на Украина ќе предизвика американски и европски санкции и ќе го наруши извозот од големите земји производители и извознички на нафта.

Високото ниво на инфлацијата во САД предизвика шпекулации дека Федералните резерви може да ги подигнат каматните стапките за цели 50 базични поени во март.