Карамбол кај „Порта Влае“, за среќа без жртви

Тешка и необјаснива сообраќајка синоќа се случила во скопската општина Карпош во близина на „Порта Влае“.

Информациите се дека во несреќата се оштетени повеќе возила, а срушена е метална бандера со помал билборд.

Од МВР само кратко информираа дека две лица се повредени во сообраќајната несреќа, но повредените по лекарскиот преглед се пуштени на домашно лекување.