Клуге: Новите антивирусни лекови ќе ги зголемат шансите за преживување на пациентите

„Новите лекови против Ковид-19 во 2022 година значително ќе ги подобрат шансите за преживување на тешко болните пациенти заразени со новиот коронавирус“. Ова го изјави директорот на СЗО за Европа – Ханс Клуге.

„Јас сум ентузијаст за новите антивирусни лекови кои најверојатно ќе се појават на пазарот во 2022 година и кои значително ќе ги зголемат шансите за преживување на пациентите примени во болница со тешка форма на Ковид-19. Не можам да ја предвидам иднината. Но, треба да се забележи дека сегашните вакцини се првата генерација вакцини за Ковид-19. Идните вакцини ќе бидат поусовршени и приспособени на новите варијанти, што ќе ги направи поефикасни. Тоа е процес сличен на оној што веќе се случува со вакцините против грип, кои речиси секоја година се приспособуваат на новите соеви“ рече Клуге.