Израел започна со вакцинација против Ковид 19 и на деца

Во Израел започна вакцинација на деца на возраст од 5 до 11 години, против Ковид 19 вирусот.

Иако земјата неодамна излезе од четвртиот бран на епидемија, а бројот на новоинфицирани е релативно мал, сепак податоците од тамошното министерство за здравство покажуваат дека меѓу новозаразените има многу деца и тинејџери.

Децата на возраст меѓу 5 и 11 години сочинуваат речиси половина од активните случаи, а на првиот ден од вакцинацијата имало малку барања за примање детски дози на вакцина. Пред неколку дена пристигнале 1 милион дози од вакцината на Фајзер.

Израел има над 9 милиони жители, а од почетокот на пандемијата се заразиле повеќе од 1,3 милиони луѓе. Починале над 8.100 лица.