Златко Перински нов в.д. директор на „Водовод и канализација“

Златко Перински e нов в.д. директор на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, известија од прес–службата на Град Скопје.

Оттаму информираат дека Перински е магистер по менаџмент за човечки ресурси со менаџерско искуство во приватниот сектор, а има искуство и како дел од раководниот тим на Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Перински има работно искуство во повеќе успешни компании со подружници во седум европски земји, управувал со застапништва на германска и на грчка компанија.