Борел: Реториката на поделби го попречи патот на Западен Балкан кон ЕУ

Жозеп Борел – шефот на европската дипломатија смета дека порастот на потезите и реториката на поделби низ Западен Балкан во годинава што изминува ги попречи напорите за приближување на регионот до европската иднина.

„Порастот на реториката и акциите за поделби низ Западен Балкан, особено во Босна и Херцеговина, ги попречија напорите за приближување на шесте земји до нивната европска иднина“ рече Борел.

Тој ја дефинираше 2021 година како „година на транзиција“, наведувајќи дека геополитичките промени.

„Мораме да одговориме со сета решеност што можеме да ја собереме“ – рече високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност.

Борел истакна дека пандемијата на коронавирусот траела подолго отколку што се очекуваше пред една година, наведувајќи дека сојот омикрон повторно бара воведување големи ограничувања и ми се заканува на закрепнувањето.

„Сепак, знаеме дека вакцините прават голема разлика. Повеќето луѓе во Европа примиле најмалку две дози. ЕУ извезува вакцини против коронавирус без прекин од декември 2020 година“ – рече тој.