За 39% ќе се намали смртноста од Ковид во Британија ако мерките важат до април

Познавачите на здравствените прилики во Британија предвидуваат дека сите нови антиковид мерки, вклучително и забраната за собирање во затворено, треба да траат до 28 март следната година, со цел да се намали бројот на смртни случаи во Англија за 39 отсто.

Експертите процениле дека со воведувањето мерки од 28 декември до крајот на март бројот на починати ќе се намали за 39 отсто, додека тој број би бил 18 отсто доколку мерките траат до средината на јануари.

Правилата ќе вклучуваат забрана за дружење меѓу членови на две домаќинства во затворени простории, враќање на собири до шест лица на отворено, додека пабовите и рестораните би можеле да ги одржуваат отворените делови.

Упатените предвидуваат дека рестриктивните мерки ќе го преполоват притисокот врз болниците, во споредба со мерките од сегашниот план Б.

Тој предлог се уште не го виделе министрите, кои би можеле да донесат одлука на почетокот на следната недела, јавија лондонски медиуми.