Милошоски: Заевизмот најверојатно ќе се задржи и по неговото заминување од власт

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски на денешната трибина „Исти луѓе, исти вредности“ рече дека заевизмот во државата ги уништи сите сектори, од економијата па се до енергетиката и дипломатските односи.

„Во Скопје најголем дел од кандидатите на СДСМ мораа да имаат претходно некој од родителите да бил висок функционер во СДСМ како предуслов за тие да бидат кандидати сега се повторува со изборот на новиот претседател во СДСМ бидејќи тој е син на господинот Ковачевски кој што беше во два мандати градоначалник на Куманово и потоа амбасадор назначен од владата на СДСМ во Подгорица., во Црна Гора. И веројатно тоа е една од препораките, референците во СДСМ како се станува висок партиски функционер ако некој од родителите во времето на транзицијата и од претходниот период бил висок функционер во СДСМ во време на позиција. И сметам дека на овој начин само ќе се задржи истиот систем на функционирање на партијата без разлика на името и презимето на поединци кои можат да бидат помалку или повеќе познати за јавноста“ – рече Милошоски.

Тој додаде дека системот на Заевизам најверојатно ќе се задржи и по неговото заминување од власт и СДСМ.

„Ќе споменам неколку примери, прво едниот пример е со дипломатијата. Во дипломатијата заевизам значи кога пет години секој ден повторувате дека САД ви се стратешки партнер, а пет години немате амбасадор во Вашингтон. Тоа е дефиниција за заевизам во дипломатијата каде што во земјата каде што имаме потпишано документ за стратешко партнерство 2008 година сега имаме празно амбасадорско столче пет години. И за да биде би рекол дипломатскиот срам поголем за Македонија е и самата номинација, тоа што за првпат при сама номинација на кандидат за амбасадор во Вашингтон, кај Заев и системот на заевизмот преовладеа вредноста клиентелизам го назначија професорот Љубомир Фрчкоски и за првпат во историјата на Македонија ни се случува официјален Вашингтон официјално да ни врати назад порака дека тој не е пожелен да биде дипломат и амбасадор на Македонија во Вашингтон. И тоа е навистина непријатно за една држава со која што сите сме имале намера чекор по чекор да ги надградуваме тие стратешки односи и релации“ – појасни Милошоски.