
ДУИ: ВЛЕН стана синоним за потчинетост – дури и Максим Димитриевски им поставува ултиматуми, а тие молчат
Демократската унија за интеграција (ДУИ) оцени дека ВЛЕН станал „синоним за потчинетост“, тврдејќи дека нивните претставници не реагираат ниту кога, како што велат, се соочуваат со јавни критики и ултиматуми од коалициските партнери.
Демократската унија за интеграција (ДУИ) оцени дека ВЛЕН станал „синоним за потчинетост“, тврдејќи дека нивните претставници не реагираат ниту кога, како што велат, се соочуваат со јавни критики и ултиматуми од коалициските партнери.
Во партиското соопштение се наведува дека фактот што, според ДУИ, и лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, јавно ги критикува и дисциплинира претставниците на ВЛЕН, покажува колку тие ја изгубиле својата политичка тежина во Владата.
Од ДУИ потсетуваат дека Димитриевски уште на почетокот на мандатот, според нив, ја наметнал практиката албанските претставници да не го користат албанското национално знаме на официјални средби. Тврдат дека претставниците на ВЛЕН денес не се осмелуваат да го истакнат знамето, иако, како што велат, токму ДУИ го институционализирала неговото користење со закон.
Партијата упатува критики и кон претседателот на Собранието, Африм Гаши, наведувајќи дека не реагирал на јавните забелешки од Димитриевски по повод одбележувањето на 2 Август. Во соопштението се додава дека Гаши и претходно не покажал политичка храброст во одбрана на Охридскиот рамковен договор и во други политички прашања.
ДУИ оценува дека на Албанците им се потребни претставници кои ќе ги бранат стекнатите права и институционалното достоинство, а не, како што наведуваат, политичари кои молчат под притисок на коалициските партнери.
„Молкот на ВЛЕН не е мудрост. Тој е предавање“, порачуваат од ДУИ.