ДС: Да се суспендираат партиските директори на М-НАВ

„После неколку мега афери во М-НАВ, денес се случи и упад во контролата на летање и физички напад на контролори на летање. За да се спречат можни катастрофални последици,бараме Владата,да одржи вонредна седница и да ги разреши актуелните партиски директори на М-НАВ и на нивно место да именува експерти од редот на вработените во М-НАВ“ соопштуваат од Демократски сојуз.

Од партијата „го повикаа раководството на МВР, да преземе најитни мерки против тие што упаднале во објект на М-НАВ, како и против тие што го организирале упадот и нападот на контролорите на летање“.

„Со ваков криминал,нестручност и партизација на витални државни институции нема да стигнеме никаде,уште помалку во Европската унија. Со ДУИ и СДСМ, Македонија ја зафати, не катастрофа туку катаклизма“ – велат од ДС.