Доналд Трамп со поддршка за Виктор Орбан пред изборите во Унгарија

Доналд Трамп – екс претседателот на САД со поддршка за премиерот на Унгарија, Виктор Орбан пред претстојните парламентарни избори во земјата. Трамп синоќа рече дека унгарскиот „силен лидер“ ја има неговата „целосна поддршка и одобрение“ на изборите во април.

„Орбан изврши моќна и прекрасна работа за заштита на Унгарија, спречување на нелегалната имиграција, создавање нови работни места, развој на трговијата, и на претстојните избори треба да му се дозволи да продолжи“ – изјави Трамп.

Орбан во 2016 година беше првиот лидер на земја членка на ЕУ кој даде поддршка на кандитатурата на Трамп на претседателските избори во САД, а во 2019 година му беше гостин на тогашниот американски претседател во Белата куќа.