МЗ: Откриен е Омикрон сојот кај 9 пациенти од Скопје и од Кочани

Од македонското Министерство за здравство ја информираа јавноста дека во лабораторијата за вирусологија на Институтот за јавно здравје се направени анализи за детекција на сојот Омикрон на вирусот SARSCoV2.

Во лабораторијата изработени се 24 примероци позитивни на SARSCoV2, примероците се од пациенти од Скопје, Кочани, Велес, Гевгелија и Богданци.

Од вкупниот број тестирани, кај 9 пациенти, детектирана е Омикрон варијантата на вирусот, што изнесува 37,5% од позитивните примероци.

Сите позитивни пациенти се од Скопје, а еден е од Кочани.

Инаку, денеска во Македонија од направени 7.483 тестирања регистрирани се 1.197 нови поитивни случаи на КОВИД-19, а починати се 12 лица.