Пленковиќ очекува подобри односи меѓу Загреб и Белград по падот на Вучиќ

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ ги коментираше вчерашните парламентарни избори во Србија, на кои Студентската листа ја собори долгогодишната влада на Александар Вучиќ и СНС. „Мислам дека пораката од граѓаните на Србија беше многу јасна, тие сакаа промени. Српската политичка сцена практично е сведена на два блока, едниот Студентската листа, другиот се собира околу партијата на поранешниот претседател Вучиќ, што во феноменолошка смисла е сосема нова ситуација за Србија.

Оние што победија, тоа беше очигледно вчера и по изборите, имаат многу цврст, јасен мандат и поддршка од граѓаните да ја преземат одговорноста за Србија. Им посакуваме успех во она што ќе го прават. Се надеваме дека и овој дел од надворешната политика, кој првенствено се однесува на односите со соседните земји, ќе биде во нивниот фокус.

Му честитав на г-дин Срдановиќ, тој е како Вучиќ и јас, сите сме на иста возраст, 1970 година, и некако се совпадна, па веруваме дека преку нивниот процес на заедничко одлучување, кој е доста колегијален, ќе одлучат за извршната власт и на крајот за лицето кое ќе биде премиер во следниот период. Во овој момент, барем колку што јас разбирам, тоа не е одлучено

Очекуваме подобри односи отколку што беа во последните 14 години. Што се однесува до пораките што ги испратија вчера, гледам дека тие, мислам на лидерите наСстудентската листа, имаа многу умерени, рационални, разумни пораки. Фактот дека Вучиќ веднаш го призна поразот на почетокот, па им честиташе на победниците, без оглед на другите коментари, укажува дека оваа транзиција треба да биде, доколку можам да проценам од наша перспектива, мирна. Колку долго ќе трае, не можам да кажам во овој момент.

Мислам дека тие мора интроспективно да разгледаат кои проблеми во српското општество треба да ги решат. Ако го решат тоа, тогаш е полесно да се решат сите други прашања во меѓународното позиционирање. Што се однесува до статусот на СНС во рамките на Европската народна партија, постои постапка, процес, каде што има комисија која детално разгледува дали тие сè уште се соодветни да бидат дел од членството на ЕПП.

Имаше многу лоши потези и негативни ситуации за кои разговаравме последното политичко собрание, кое беше во Тулуз. Што точно ќе се случи, не можам да кажам во овој момент, бидејќи сега нема тело кое седи и одлучува за тоа“, рече Пленковиќ.